Тетовец отворил кабелска телевизија на диво, доби кривична пријава

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на градот, кој организирал систем за кабелска телевизија и бесправно наплаќал за телевизиски програми, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторски права и сродни права”. Пријавениот, во текот на 2021 година, преку компјутерски средства неовластено објавил, прикажал, дистрибуирал, емитувал и нудел услуги на крајни корисници поврзани со пристап до програмски сервис без да биде лиценциран оператор и не е содржан во регистар на даватели на вакви услуги, со што постапил спротивно на чл.56 и чл.57 од Закон за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги,“ велат од МВР.

„На 25.07.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три лап-топ компјутери на кои имало елементи кои потекнуваат од кривичното дело, односно на лап-топ комјутерите преку интернет-пребарувач било пристапувано и биле користени портали за продавање на IP ТВ програми, а на еден компјутер бил пронајден и список со активни корисници на неговите услуги“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот