Тетовчанец сам собрал и наполнил 17 вреќи отпад на Бањиче
Точно 17 вреќи со отпад се собрани во неделата на патот од Бањиче кон карпата Илјадница, од само еден човек, тетовчанец кој со велосипед редовно се рекреира кон Бањиче. Тој често пати самиот прави еколошки акции, односно ги собира отпадоците кои фрлаат несовесни поединци, информира Тетовоинфо.
Препорачано
За ваква акција на тетовчанецот со велосипед, чие име велат дека е познато на медиумот, оттаму информираа и во феврури. Тој смет собира редовно и вели дека ќе продолжи со овие активности.
Целта е да се подигне колективната свест за потребата од почиста природна околина, особено на места како Бањиче и реката Пена. Односно, порака за сите посетителите дека природата е заеднички дом, а секој може да помогне барем – наместо да фрла отпадок во природа, да го остави сметот во една од кантите долж патеката покрај река Пена, или контејнерите што се поставени кај месноста Бањиче.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


