Печени тестенини со фета-сирење и чери домати/Фото: Olena Danileiko / Alamy / Profimedia

ФОТО | Тестенини со печено фета-сирење: Подгответе го рецептот што го освои интернетот

Во свет каде што трендовите се менуваат побрзо од кога било, ретко е еден рецепт да остане на врвот доволно долго за да стане феномен. Токму тоа успеа да го направи едно едноставно, но неверојатно вкусно јадење – печени тестенини со фета-сирење и чери домати.

Овој рецепт стана вирален благодарение на социјалните мрежи, каде што милиони корисници ги споделија своите верзии, експерименти и задоволства по првиот залак. Неговата популарност лежи не само во неговиот фото-совршен изглед, туку и во неговата неверојатна леснотија на подготовка.

Состојки (за две-три лица):

– 200-250 г фета сирење (на парчиња)
– 300 г чери домати
– 250 г тестенини
– 3-4 чешниња лук
– 4-5 лажици маслиново масло
– сол и бибер по вкус
– прстофат чили (по желба)
– свеж босилек (по желба)

Печени тестенини со фета-сирење и чери домати/Фото: Olena Danileiko / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги шери доматите и лукот во тава за печење, зачинете со сол и бибер и прелијте со маслиново масло.

Ставете парче фета-сирење во средината на садот и прелијте со уште малку масло. Печете 25-30 минути додека доматите не омекнат, а фета-сирењето не стане златно и меко.

Во меѓувреме, сварете ги тестенините според упатствата на пакувањето. Откако ќе се сварат, со виљушка изгмечете ги фета-сирењето и доматите во кремаст сос. Додајте ги исцедените тестенини и добро измешајте. Додајте свеж босилек по желба.

Ако сакате да го подигнете овој рецепт на повисоко ниво, можете да додадете свеж босилек, малку чили за лутина или дури и маслинки за дополнителна длабочина на вкусот. Исто така, изборот на квалитетно фета-сирење може да направи голема разлика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот