Плакат за настанот на Францускиот институт

Тематското предавање „(Дез)информации: историјат и предизвици“ на Фабрис Д’Алмеида ќе се одржи во „Јуроп хаус“ во Скопје

Францускиот институт во Скопје организира предавање на тема „(Дез)информации: историјат и предизвици“, кое ќе се одржи во четврток, 21 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во „Јуроп хаус“ во Скопје.

Предавањето ќе го одржи Фабрис Д’Алмеида, познат историчар и истражувач, кој предава историја на медиумите и пропагандата во Францускиот институт за печат (ФИП) при Универзитетот „Париз II Пантеон“, каде е и раководител на мастер студиите „Медиуми и глобализација“.

Низ историски и аналитички пристап, Д’Алмеида ќе ги истражи механизмите на дезинформацијата – нивното потекло, современите техники и начините на кои можеме да се заштитиме од нив. Ова предавање се впишува во настаните организирани за претставување на улогата на информацијата во дигиталната ера и нуди конкретни алатки за нејзино критичко читање.

Модератор на настанот ќе биде Грегоар Жислер, Директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка. Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција.

За предавањето е обезбеден симултан превод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот