Телохранителот ја обвини Крис Џенер за сексуално вознемирување

Поранешниот телохранител на Крис Џенер, Марк Маквилијамс, ја обвини за сексуално вознемирување, додека од друга страна таа тврди дека сето тоа е лага.

Во тужбата поднесена во Лос Анџелес, Маквилијамс наведе дека Крис го наведувала на секс додека во 2017 година тој како телохранител на неа и нејзината ќерка Кортни работел за шоуто „Keeping Up With The Kardashians”. Исто така, ја обвинува и за непријателска атмосфера на работа, расна и полова дискриминација.

Фото: Инстаграм

Тој тврди дека го „масирала неговиот врат, рамената, раката и грбот без престанок, ја ставала раката на неговите гради и препони, ја триела карлицата од неговиот грб и задникот без дозвола или одобрување“. Исто така „го изложувала своето тело на непристоен и сугестивен начин“.

Прочитајте и...  Третман за витилиго, сега има лек!

Адвокатот на Џенер, Марти Сингер жестоко ги негираше обвинувањата во изјавата за „TMZ“.

„Крис категорично негира дека некогаш се однесувала непримерно кон него. Телохранителот работел пред куќата и никогаш не ни влегол во нејзината куќа“, изјави тој.

Фото: Инстаграм

Тој додаде дека Крис имала многу мала интеракција со него. Откако бил фатен во повеќе наврати како спие во својот автомобил додека бил на работа, од него било побарано повеќе да не доаѓа. Една година подоцна тој добил и отказ.

„Сега ја тужи Џенер наведувајќи измислено сексуално вознемирување и неправедно раскинување на соработката“, изјавил адвокатот.

Фото: Инстаграм

„Тој никогаш не се пожалил од Крис на својот работодавец се додека не го измислил ова смешно тврдење. Несфатливо е дека било кој може да тужи некого во Америка. Кога Крис и Кортни ќе ја добијат оваа смешна и несериозна судска постапка, имаат намера да го тужат Маквилијамс и неговиот адвокат поради злонамерен прогон“, порача Сингер.

Прочитајте и...  Вкусови што се памтат: Српска кујна – Ќебап, крал на српската скара (РЕЦЕПТ)

Поврзани вести

Третман за витилиго, сега има лек!

Слободен печат

Врчак се враќа на сцената: Подгответе се за изненадување по корона-кризата!

Васко Спасоски

Зошто не треба да јадете и пиете од пластични чаши и чинии?

Слободен печат

Како Трамп и Бајден го поделија Холивуд

Слободен печат

Зајакнете им го имунитетот на децата со само неколку намирници

Слободен печат

Бенкси на слика од Моне доцртал количка од супермаркет па ја продал за скоро 10 милиони долари

Слободен Печат

Остави Коментар