Телевизиската и филмската индустрија сериозно загрозени од кризата

Загрозена е целата креативна индустрија во државава која вклучува голем број останати сектори и поединци, реагираше Здружението на компании за организација, реализација и поддршка на настани, ТВ и филмски продукции.

Телевизиската и филмската индустрија се целосно и сериозно загрозени од кризата и без можност за остварување каков било промет, зашто беа први на удар со донесена одлука од 28 февруари да се откажат сите јавни собири.

Со ова е загрозена целата креативна индустрија во државава која вклучува голем број останати сектори и поединци, реагираше Здружението на компании за организација, реализација и поддршка на настани, ТВ и филмски продукции.

-Бараме исплата на бруто плата за цел период на траење на пандемијата односно до укинување на забраната за одржување јавни собири и исплата да почне да важи од март бидејќи како компании сме затворени уште од крајот на февруари, рече на прес-конференција Петар Георгиевски-Камиказа од „Евент индустрија” во име на сите компании во здружението.

Соопшти дека се засегнати околу сто компании од овој сектор и околу 400 вработени, но се работи за над илјада ако се земат предвид сите актери, како и новинари и луѓе за ПР кои работат за хонорари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот