„Тејст атлас“ објави листа на 100 најдобри чоколади во светот: Првото место го делат дури три земји
Реномираната веб-страница за храна и гурмани „Тејст атлас“ го објави списокот на 100 најдобри чоколади во светот.
Чоколадото е една од најомилените намирници во светот, познатo по својот богат вкус и способноста да пружи вистинско гастрономско уживање. Се добива со преработка на зрна од какао, а постои во различни форми – од темно и млечно до бело чоколадо. Многумина го консумираат како десерт, но и како состојка во бројни слатки и пијалаци.
Препорачано
Чоколадото често предизвикува чувство на среќа и релаксација. Без оглед на возраста, чоколадото е десерт на кој ретко кој може да му одолее.
Според изборот на „Тејст атлас“, најдобрите чоколади можете да ги пробате во Белгија, Франција и Италија, бидејќи на оваа листа од секоја од овие земји се најдоа по осум различни чоколади од различни брендови.
View this post on Instagram
Второто место според бројот на најдобри чоколади го заземаат САД со чоколади од седум различни брендови, додека на третото место се наоѓа Швајцарија со шест различни брендови на чоколади.
На списокот се најдоа и земји како Австралија, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Данска, Германија, Гана, Унгарија, Индија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Перу, Шведска, Шпанија и многу други.
Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.


