Тејст Атлас Базар 2025 - Фото: Инстаграм

ФОТО | „Тејст Атлас“ ја објави мапата на божиќни базари: Еве кои градови ќе можете да ги посетите во соседството

На мапата на божиќни базари во Европа што вреди да се посетат, го нема Белград, но затоа е тука – Нови Сад.

Во пресрет на празничната сезона, реномираната веб-страница за гастрономија „Тејст Атлас“ објави мапа на Европа со означени божиќни базари во секоја земја, заедно со датумите на одржување.

Што се однесува до нашите краишта, означени се прочуениот Адвент во Загреб, кој се отвора на 29 ноември, Будимпешта – чии празнични декорации често се на листите на најубави во Европа, па и Сараево … Сепак, јасно е дека многу градови се изоставени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TasteAtlas (@tasteatlas)

Новосадскиот Зимзоленд, како што најави туристичката организација на Нови Сад и оваа година ќе биде поставен на Плоштадот на Републиката од 5 декември до 7 јануари, каде што „во повеќе од четириесет куќички посетителите имаат можност да пробаат варено вино, разни видови пиво, храна со специфични вкусови, како и да купат сувенири и новогодишни украси“.

Ледената шума во дунавскиот парк ќе биде поставена на 18 декември – освен атрактивното отворено лизгалиште, планирана е и цела низа настани, а предвидени се и традиционалните божиќно-новогодишни концерти во синагогата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот