Течат роковите за нова влада, партиите преговараат, но не соопштуваат детали

Новата влада, велат од партијата, посветено ќе се зафати со борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа – без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат, а приоритет е прочистување на правосудството.

Течат роковите за формирање ново парламентарно мнозинтво и нова влада, поради што со засилено темпо се одвиваат преговорите меѓу политичките партии кои освоија пратенички места. Сите тврдат дека разговараат, но никој засега не изнесува детали за текот на преговорите и за тоа дали има евентуален напредок.

СДСМ вчера повтори дека води сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат, која, како што потенцира, треба да обезбеди прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер.

Новата влада, велат од партијата, посветено ќе се зафати со борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа – без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат, а приоритет е прочистување на правосудството.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ за сабота најави протест против неправди, реваншизам и политичко насилство

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, пак, вчера истакна дека партијата има комуникација со политичките партии, но оти не би навлегувал во детали да не ги наруши.

-Од она што може да се забележи од претходно што го говорел и претседателот Мицкоски, но и што се постулатите на ВМРО-ДПМНЕ, програмските, економските определби треба да се идентификуваат. Но не би навлагувал во детали за да не наштетам на процесите,  рече Арсовски.

Во однос на комуникацијата на ВМРО-ДПМНЕ со останатите партии, според него, забележливи се пријателски односи и комуникација буквално со сите партии.

По конституирањето на Собранието пред пет дена ДПА соопшти дека на средба на нејзиниот лидер Мендух Тачи со Зоран Заев, СДСМ им понудил да бидат дел од новата владина коалиција. Демократската партија на Албанците начелно е согласна да биде дел од Владата, но било договорено да се формираат работни групи кои ќе ги предводат секретарите на двете партии кои треба да се договорат за деталите.

Прочитајте и...  Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за потврдување на петте одлуки на Пендаровски

По предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јуни, на 4 август се конституираше новиот парламентарен состав и почна да тече 10-дневниот рок за формирање парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. 

Прочитај повеќе

Избран наследникот на Игор Јанушев: Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Лавров со повик до Азербејџанците и Ерменците: Престанете со борбите и седнете на маса да преговарате

Слободен печат

Несекојдневен момент во Париз: Продавала стан во наследство, нашла пола милион евра во визбата

Слободен печат

Учебната година почнува со маки, средношколците со бојкот – Платформата ќе задоцни на првиот школски час

Слободен печат

ЕУ: Договорот за основање на Заедница на општини со српско мнозинство да се спроведе врз основа на мислењето на Уставниот суд

Слободен печат

Косово му забрани влез на српскиот министер за образование

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Специјално Обвинителство на Косово: Жена обвинета за тероризам

Слободен печат

Правниот тим на Движењето за одбрана на Косово и Метохија: „Вашингтонскиот договор не е ништо друго освен тајно незаконско одрекување од дел од државната територија“

Илинка Иљоска

ЕК почна со мониторинг на владеење на правото во земјите-членки на ЕУ

Слободен печат

Руденко: Русија, САД и Франција работат на деескалација на ситуацијата во Нагорно-Карабах

Слободен печат

Утре почнува учебната година: Царовска го објави ТВ распоредот на часови од прво до деветто одделение

Слободен печат

Димитров – Јан Хекер во Берлин: Реафирмација на германските напори за заокружување на Преговарачката рамка

Слободен печат