ТЕАТАРСКО ГОСТУВАЊЕ: „Женидба“ во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар на 20 февруари ќе гостува Народно позориште од Приштина/Грачаница со претставата „Женидба“ од Николај Василевич Гогољ, а во режија на Милан Караџиќ. Претставата е копродукциски проект помеѓу Народно позориште Приштина и Српско народно позориште од Нови Сад.

Според режисерот, во „Женидба“, Гогољ во прв план сакал да ги стави и да ги исмее општествените аномалии од неговото време – лицемерието, желбата за статус по секоја цена и робувањето на нормите на граѓанското општество. Женидбата за која тој говори не е женидба од љубов. Тоа е општествена обврска, статусен симбол, исполнување на форма за која неговите ликови мечтаат, и токму тоа ги прави комични, но и актуелни и во денешното време.

Во претставата играат Jeлена Орловиќ, Милена Јакшиќ, Аника Грујиќ, Милан Васиќ, Игор Дамњановиќ, Милорад Капор, Небојша Ѓорѓевиќ, Бојан Стојчетовиќ, Бранко Бабовиќ, Тамара Томановиќ, Бранко Бабовиќ. Костимограф е Драгица Лаушевиќ, а сценографијата и изборот на музиката се на Милан Караџиќ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 18, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 15-16 февруари 2020 година)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот