Театарот „Сенки и облаци“ настапи на Меѓународен фестивал на сенки во Москва

Третиот Меѓународен фестивал на сенки, што од 12 до 15 ноември се одржа во Москва, беше можност за скопскиот Театар „Сенки и облаци“ да ја изведе претставата „Алиса и чудата“ пред публиката во Русија.

Фестивалот се одржува на сцената на Московскиот детски театар на сенки, единствениот руски професионален државен театар за сенки, кој постои дури 80 години, а бил отворен со спектаклот „Никогаш ненапишана приказна“, посветен на 200-годишнината од раѓањето на Фјодор Михајлович Достоевски.

Двете изведби на „Алиса и чудата“ на Театар „Сенки и облаци“ во Москва поминале одлично, со полна сала публика, меѓу кои имало и деца и возрасни, а за гостувањето се огласила и руската театарска критика. Гостувањето на претставата „Алиса и чудата“ во руската престолнина е поддржано од Министерството за култура на РСМ.

Традиционално во ноември, во Скопје, се одржуваше и интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“, но јубилејното 10-то издание организаторот Театар „Сенки и облаци“ го најавува за пролетта 2022 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 107, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 27-28 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот