Театар Комедија премиерно ќе ја изведе претставата „Ревизор“

Фотографија: Театар Комедија

Театар Комедија ја најави премиерата на претставата „Ревизор“ од Гогољ за 5 мај, во 20 часот. Режијата и адаптацијата на драмскиот текст е на Андреј Цветановски.

Според режисерот Цветановски, „Ревизор“ зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта.

Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање.

Сценограф на претставата е Сергеј Светозарев, а костимите се на Ивана Каранфиловска.

Во претставата играат Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Стевковска Дрнасин, Жаклина Петровска Милјановска, Едмонд Сотир, Илија Илиоски, Столе Мицов, Јаков Спасов, Ангела Стојановска, Марија Кондовска и Христијан Поп Симонов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот