Највисокиот човек на светот Султан Косен на венчавката со Мерве/Фото: Nazmi Akyol / AFP / Profimedia

Тажната приказна на највисокиот човек на светот: „Се разведовме, среќата кратко траеше“

Султан Кесен (43), највисокиот човек на светот со висина од 251 сантиметар, во нов документарен филм на „Канал 4“ искрено и емотивно зборуваше за болниот развод од сопругата Мерве Дибо по осум години брак, пренесува „Мирор“.

Кесен, кој од 2009 година го држи рекордот во Гинисовата книга како највисок жив човек, се ожени со Сириката Мерве во 2013 година на голема свадба со околу 1.500 гости. Во тој период бил исклучително среќен.

„Кога ја погледнав во очи, знаев дека тоа е љубов. Многу ја сакав. Тоа беше мојот најголем сон – да најдам животна сопатничка и да основам семејство“, изјави тој во документарецот „Највисокиот човек на светот: следното поглавје“.

Сепак, само неколку месеци по свадбата почнале да се појавуваат гласини за проблеми во бракот. Двојката тогаш ги негираше, а Мерве изјави:

„Нема вистина во тие гласини. Сакам да останам со него цел живот. Јас сум најсреќната жена на светот.“ Сепак, бракот не опстана и тие се разведоа во 2021 година.

Во документарецот, Султан не ја криеше својата тага:

„Не можевме да продолжиме. Мојата сопруга го избра своето семејство. Се разведовме, среќата кратко траеше.“

Тој признава дека секогаш кога ќе ги погледне фотографиите од свадбата, станува длабоко тажен.

„Кога ќе ми дојдат на ум тие моменти, многу сум тажен. Тоа силно ме повреди затоа што многу ја сакав. Кога ги гледам тие фотографии, емоционално се распаѓам. Навистина ми е жал.“

Султан боледува од гигантизам и акромегалија, состојби предизвикани од тумор на хипофизата, што влијаело на неговиот исклучителен раст. Поради тоа има постојани болки во колената, се движи со помош на патерици или инвалидска количка и има извршено повеќе операции на нозете и мозокот.

„Кога би можел нешто да променам во животот, би ги променил само моите колена. Би сакал да трчам, да одам и повеќе да патувам“, рече тој.

Неговиот брат Хасан во документарецот додаде:

„Султан би можел да биде посреќен. Слободното време најчесто го поминува пред компјутер. Ако пронајде девојка, неговиот живот би бил поисполнет.“

На прашањето дали ќе пронајде нова љубов, Султан се пошегува:

„Многу сум грд. Да бев убав, досега ќе најдев некого.“

И покрај сè, тој вели дека нова партнерка би го направила „најсреќниот човек на светот“, но не е сигурен дали тоа некогаш ќе се случи.

Документарецот не ја прикажува само неговата секојдневица и здравствените предизвици, туку и длабоката човечка страна на човек кој поради својата висина стана познат ширум светот, но и понатаму ја бара среќата и семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот