Тепачка / илустрација /

Татко се обидел да ја заштити ќерка си, па бил удрен со кундак од пиштол

Жител на скопско Кондово пријавил во полиција дека бил нападнат пред својот дом и дека бил удрен со кундак од пиштол.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), ноќеска во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш. (41) од село Кондово пријавил дека на 18 мај 2026 година, околу 21:30 часот, пред неговиот дом физички бил нападнат од Б.И. (18).

Во пријавата било наведено дека претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка. Подоцна, кога Н.Ш. забележал дека Б.И. и уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да ги спречи.

Тогаш, според пријавеното, Б.И. го нападнал и го удрил со кундак од пиштол, нанесувајќи му повреда.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Насилник нападнал 18-годишна девојка во 3 наутро пред скопска дискотека, ја повредил со нож

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот