Татин математичар (2)

Татиниот математичар не престана да бара предвремени избори од моментот кога Груевски го седна, привремено, на својата фотелја. За време на претседателската кампања, повеќе зборуваше за предвремени парламентарни избори отколку за нивната несреќна кандидатка. И истураше омраза од партиската говорница, што му е константа. Откако Зоран Заев го сподели своето разочарување и револт од исходот на Самитот на ЕУ со јавноста и повика на брзи предвремени парламентарни избори за да одлучат граѓанките и граѓаните за сите отворени прашања поврзани со стратешките интереси на државата, татиниот математичар дигна рачна. Упс! Избори?

По стотици, можеби илјадници пати повтореното барање за предвремени избори, Татиниот математичар одеднаш почна да се надева дека премиерот ќе го промени мислењето. Во наше маало тоа го викаат цвикање. Со други зборови, татиниот математичар повторно погрешно пресмета. Сметаше дека постојаното додевање со барањата за предвремени избори ќе стави уште некој поен на своето валкано политичко конто, но кога тоа стана реална можност, тој сфати дека брзи избори не му одат во прилог.

Поточно, не му одат во прилог никакви избори уште долго време. Партијата му е во лоша состојба, а тој самиот, колку и да се труди да не изгледа така, веројатно е едно од најлошите кадровски решенија на Груевски, ако не и најлошо во најдеструктивната структура на македонската политичка палета. Со такви и низа други околности, татиниот математичар нема шанси да излезе на избори и да постигне значаен резултат, далеку од тоа. Наспроти него стојат сериозни успеси на македонската држава на меѓународен план, а дома се случија тектонски поместувања и трансформации од заробена во демократска држава.

Непознато е од каде ги извлекува сите тие силни пресметки, но извесно е дека погреши во пресметката дека ќе се извлече со интервјуа по медиумите во кои „безбедно солира“ во своите одговори го одрекува соучесништво во нападот на сопствената држава.

Прашањата остануваат отворени. Како успеа да влезе во бизнисот со хидроцентралите? Не е доволно да каже дека го продал уделот во тој бизнис. Треба да објасни како станал сопственик на хидроцентрали, кои се другите сопственици и дали се работи за негов круг на луѓе (формални сопственици). Колку заработил од својата позиција на газда во енергетскиот бизнис? Не може да раскажува басни за други, а да не даде одговор на прашањата за неговите бизниси во кои влегол како татин математичар и послушник на криминалецот од Будимпешта под чие почесно претседателство „патриотски“ работи против македонските интереси.

Татиниот математичар не одговори на прашањата како е поврзан со Груевски, зошто беше на тајна средба со него во Будимпешта… Што му дал на Гајсер кога се сретнал со него? Како е вмешан во аферата „Рекет“ за која е повеќе од јасно дека е корупциски случај, а не случај на рекет… Како, со колку пари и во кој период е вмешан Орце Камчев во неговата партија и во аферите што се врзуваат со луѓето во ова „здружение“? На кој начин, тој лично и неговиот почесен претседател, се поврзани со сите афери во чие лансирање учествуваат, според мене, многу невнимателно?

Ако правосудните органи се бавни, јавноста е брза и очекува директни и јасни одговори. Не проаѓаат манипулативните одговори во медиуми што само до вчера беа под целосна контрола, а сега се барем под силно влијание на неговата партија. Јавноста, барем нејзиниот пописмен дел, оние што не се клиенти на криминалците на груевизмот, не може да ги убеди бројот на лајкови на говорот на омразата, лажните вести и дезинформациите што ги добиваат на социјалните мрежи. Сите се веќе сосема свесни за едноставниот пропаганден шаблон со кој ги напаѓаат алгоритмите на агрегаторите на вести.

Татиниот математичар, колку и да не е талентиран, може да разбере дека постојано прави лоши пресметки. Покрај тоа, сите знаеме дека луѓе што немаат насмевка на лицето имаат голем проблем. И можат да предизвикаат уште поголеми проблеми. После ова, знам дека ќе се обидат повеќе да се насмевнуваат. Попусто. Времето за смеење им помина.

Прочитајте и...  Зафировски од МОРО: Додека не се донесе закон за најмала гарантирана исплатена саатнина, не сме ни приближно блиску до европските држави (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Операција на слепо црево

Ерол Шаќири

Народот на Дурловски

Антимакедонски шалабајзери

Сашо Орданоски

Предлогот за премиер Албанец не ги донесе очекуваните политички поени

Фејзи Хајдари

Заев продолжува „службено“ да ги добива дуелите со Мицкоски

Сашо Орданоски

Кога делата се поубедливи од зборовите

Сашо Орданоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Кратка историја на македонскиот страв

Срѓан Ивановиќ

Пандемијата како економски земјотрес

Многу лош предизборен викенд за опозицијата

Сашо Орданоски

Поддршка на иновативно претприемништво наместо реиндустријализација

Данела Арсовска

Патриотско, глупаво, арогантно и без дух

Ненад Јовановиќ

Сaмо малку, колку форма да има

Жанета Скерлев