Таравари со услови за измена на Уставот: Предлогот ќе биде нешто што не ќе може да се одбие

Нашите услови за уставните измени ќе бидат пакет мерки коишто ќе ги побараме од Владата и коишто ќе ги презентираме идната недела, изјави Арбен Таравари в.д претседaтел на Алијанса за Албанците.

Меѓу условите за поддршка на уставните измени ќе биде и барањето да се смени уставната формулација 20 отсто со формулацијата албански јазик. Тој најави дека претходно мерките ќе ги презентираат пред најзначајните амбасади и пред партиите.

-Предлогот ќе биде нешто што не ќе може да се одбие. Едно од барањата ќе биде и еднаш за секогаш да ја тргнеме формулацијата 20 отсто и да биде барем како што беше во Југославија, македонскиот и албанскиот јазик беа јазици коишто официјално се користеа. За тоа мислам дека има подготвеност од сите македонскиот партии – рече Таравари.

Тој како шпекулација на ДУИ ја оцени информацијата дека Алијанса за Албанците ќе биде дел од Владата.

-Не сме човек партија, туку имаме партиски тела. Засега нема ништо, нема понуда, но ако има таков предлог одлуката нема да ја носи претседателот, туку сериозно ќе се разгледа во органите на партијата без оглед каква ќе биде таа – рече Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот