Таравари: Немаме конкретен предлог за влез во Владата

Арбен Таравари/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Нема предлог за две министерски места за Алијанса за Албанците доколку влезе во Влада, како што деновиве се шпекулираше, изјави партискиот претседател Арбен Таравари пред почетокот на седницата на Централното собрание во Куманово.

– Нема предлог. Тоа се шпекулации. Вие знаете уште пред три месеци ни велевте предлог министри или не на министри, нема врска. Денеска првпат ќе зборуваме за тоа дали вреди да се разговара на оваа тема или треба да се прекине и треба да одлучиме да продолжиме како опозициска партија – вели Таравари.

Алијанса за Албанците во Куманово ги избира новите раководни тела на партијата. Членството, претставниците на легитимно избраните тела, ќе одлучи дали партијата ќе одбере да учествува во Владата или ќе продолжи како опозоција, објасни Таравари, кој беше избран за претседател на вонредниот конгрес на 24 декември лани.

На денешното Централно собрание, ќе се бира претседател на собранието, нова позиција со новиот статутот на партијата, потпретседатели на секретари на партијата и членови на претседателството на Алијанса за Албанците.

– Секако ќе дискутираме и за тоа што на големо се зборува во јавноста. Дали вреди Алијанса за Албанците да преговара за влегување во Влада или воопшто не треба да се продолжат овие разговори, треба да се прекинат дефинитивно. Тука сме за да го слушнеме гласот на нашите претставници од сите легитимни ограноци на Алијанса за Албанците од сите делови на државата каде што функционираме како партија – рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот