Таравари ја почна чистката на економските директори, денеска ќе разреши 7, за другите ќе се менува Законот

Арбен Таравари во хирургија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Денеска почнува „чистката“ на економските директори во Клинички центар. Како што најави новиот министер за здравство доктор Арбен Таравари, тие економски директори што се вршители на должност ќе може да се сменат веднаш, а за другите што имаат мандат ќе бидат иницирани законски измени во Собранието. Целта е економските директори повеќе да не постојат како категорија на Клинички центар, а за една година најдоцна тој да се спои во една единица.

Денеска ќе бидат разрешени 7-8 економски директори кои се вршители на должност. Веќе дадов наредба во министерството денеска да разрешиме одреден број економски директори на кои им завршува мандатот.

До средината на јули сите в.д економски директори ќе се разрешени. За економските директори со мандат пак, ќе бидат потребни измени на Законот во Собранието. За месец или два, нема да има повеќе економски директори и со закон, најави Таравари.

Има некои клиники каде нема назначено медицински директор, ама има економски директор. Таму Таравари прво ќе мора да назначи медицински директор, па да го разрешува економскиот. Тој додаде дека ќе назначи медицински директор и на Клиниката за токсикологија каде беше разрешен Данил Петровски.

 

ЕКСКЛУЗИВНО: „Слободен печат“ открива што содржи извештајот за смртноста на државна Кардиохирургија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот