ФОТО | Тапани и песни ечат во Кичево – ВМРО-ДПМНЕ веќе слави победа
Тапани и песни ечат вечерва пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, каде што симпатизерите на коалицијата „Твоја Македонија“ веќе ја започнаа прославата на, како што велат, сигурната победа на нивниот кандидат Александар Јовановски. Атмосферата станува сè погласна, а кичевци масовно излегуваат на улиците за да го проследат изборниот финиш.
Препорачано

По обработени 66,09% од избирачките места, Јовановски води со 56,07 проценти од гласовите, односно 10.126 гласа. Неговиот противкандидат, актуелниот градоначалник Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција (НАИ), има поддршка од 40,75 проценти, односно 7.359 гласа.

Според досегашниот тренд, предноста на Јовановски постепено расте, а разликата меѓу двајцата кандидати моментално изнесува околу 2.700 гласови.

Гласањето во Кичево помина во мирна и демократска атмосфера, без сериозни забелешки.

Доколку резултатот остане ваков и по целосното пребројување, Кичево по повеќе години би добило нов градоначалник.




