Тамара Тодевска повторно се „избоцка“: Пејачката се тетовираше – погледнете што стави овојпат! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Повеќето од луѓето што се истетовирале еднаш тврдат дека никогаш не застануваат на само една тетоважа… туку, набрзо се „китат“ со втора, трета и така натаму…

Рака на срце, сигурни сме дека од ова „правило“ има исклучоци, но пејачката Тамара Тодевска не е меѓу нив.

Имено, популарната Тамара деновиве се почести со нов цртеж на своето тело, а станува збор за микрофон, кој сега го краси нејзиното лево рамо, а истото е дело на најдобриот тату-мајстор во земјава, Горан Миќиќ.

Фото: Инстаграм

Ова е втор микрофон што Тамара го истетовира, со таа разлика што оној од пред неколку години е нешто поголем микрофон и се наоѓа на ногата.

За потсетување, поп-пејачката дури и за бурми избра тетоважа за себе и својот сопруг Александар Димитревски – Мачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот