Фото: FC Vardar AD

Талески пред мечот со Башкими: Не смееме да помислиме дека нештата за нас ќе одат лесно

Денеска фудбалерите на актуелниот есенски шампион Вардар во рамките од 19 коло во Првата македонска лига на ФФМ комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје од 13.00 часот како домаќин ќе го пречекаат Башкими.

По двете стартни победи во пролетниот дел од сезоната против Арсими и Работнички, играчите на Вардар посакуваат и трета радост.

Секако тоа, мора да се заработи на терен, со добра игра, ефикасност и цврстина во одбраната онака како што беше и во претходните две кола.

Скопските „црвено-црни“ се ефикасни пролетва со постигнати осум гола, а примени само еден во два мечеви.

– Да, добро го започнавме пролетниот дел од сезоната, и тоа секако дека ни годи. Сепак, никако не смееме да помислиме дека нештата за нас ќе одат лесно. Кога си играч на Вардар, секој меч значи битка и тоа вистинска затоа што секој противник дава максимум против нас. Нема дилеми тука. Така ќе биде и денеска. Башкими е незгоден на негов терен, но и на гостински. Знае оваа екипа и тоа како да одигра добро, но од друга страна ние сме подготвени. Знаеме што треба да направиме за да стигнеме до нова победа и три бода пролетва во шампионатот – изјави Давор Талески, чуварот на мрежата на Вардар.

Моментно на табелата Вардар е првопласиран со 48 бодови, додека Башкими е на петтата позиција со 26.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот