Тајната која Мирка ја криела од Рожер кога се запознале

мирка федерер
Фото Профимедиа

Мирослава Федерер е една од највлијателните жени во Швајцарија, но не само бидејќи му е сопруга на славниот тенисер.

Родена е во Словачка во 1978 година, а кога имала две години, со родителите се преселила во Швајцарија. Таму ја запознала Мартина Навратилова која ја поттикнала да тренира тенис со кој професионално се занимавала до 2002 година.

Интересна приказна е како го запознала Федерер.
Мирослава Вавринец и Рожер Федерер се запознале на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, а кратко потоа започнале врска.

Она што никој не го знаел е дека Мирка криела голема тајна – во моментот кога ја почнала врската со Федерер, таа била свршена за пребогат арапски султан.

Рожер за тоа дознал неколку месеци подоцна. Дури кога сфатила дека е вљубена во него, таа ја раскинала врската со султанот.

Девет години подоцна го изговориле судбоносното „да“ и оттогаш таа му е најголема поддршка на својот сопруг, со кого имаат четири деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот