Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

ФОТО | Тајна венчавка? Фановите се прашуваат дали Тејлор Свифт и Тревис Келси веќе се венчани

Пријател на ѕвездата од НФЛ, Тревис Келси, можеби несвесно открил дека спортистот и пејачката Тејлор Свифт се тајно венчани, пишува „Пејџ сикс“. Организаторката на настани Ели Нотоли сподели детали од саботното венчавање на играчот на „Чикаго Беарс“, Кол Кмет и неговата избраничка Емили Јарош, откривајќи дека Келси и Свифт биле на списокот на поканети гости.

Таа посочила неколку „персонализирани детали“ од настанот, меѓу кои и писмо адресирано на „Тејлор и Тревис Келси“, напишано со елегантен калиграфски ракопис, со ознака „Маса 13“.

„Сите знаеме дека Тејлор и Тревис беа на друго венчавање во Тенеси, но секој гостин имаше омотница прикачена на прекрасна позадина, а Емили напиша љубовни писма до сите свои гости“, раскажа Нотоли.


Откриеното писмо предизвика вистински хаос меѓу обожавателите – некои возбудено почнаа да шпекулираат дека Свифт и Келси веќе го изговориле судбоносното „да“, и тоа во тајност.

„Тејлор и Тревис Келси!? Простете, што!?“ – пишуваа збунети корисници на социјалните мрежи. Други, пак, сметаат дека сè е само дел од естетиката.

„Ова е многу вообичаено за парови (и венчани и невенчани) на венчавки. Тоа е само за изглед“, напишал еден од нив.

„И моето момче и јас го правиме истото на подароци, иако не сме венчани – едноставно е симпатично“, објаснуваа фанови.


Инаку, познатиот пар не присуствувал на венчавањето на Кол Кмет, туку на свадбата на роднина на Келси – Танер Корум и Саманта Пек.

Овие гласини за тајна венчавка доаѓаат само две недели по веста дека Тревис Келси наводно планира наскоро да ја запроси Тејлор.
„Кога ќе заврши со играњето американски фудбал, тој разговор ќе дојде на ред. Сите само чекаат Тревис да ја побара нејзината рака од нејзините родители – тие ќе кажат ‘да’ и едвај чекаат да се свршат. Ништо не е загарантирано, но речиси сигурно ќе се случи“, изјавил извор блискo до парот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот