Суки Вотерхаус и Роберт Патинсон
Суки Вотерхаус и Роберт Патинсон / Фото: EPA

Тајна свадба? Роберт Патинсон со мистериозна изјава ги разгоре гласините за брак со Суки Вотерхаус

Актерот Роберт Патинсон повторно се најде во фокусот на јавноста, откако со необична изјава поттикна нов бран шпекулации дека тајно стапил во брак со својата долгогодишна партнерка Суки Вотерхаус.

На премиерата на филмот „Драмата“ (The Drama), каде што се појави заедно со Зендаја, Патинсон беше прашан која е најголемата тајна што некогаш ја чувал. Неговиот одговор беше краток, но доволно интригантен: „Истата како и твојата“.

Изјавата доаѓа во период кога сè почесто се појавуваат гласини дека актерот и Вотерхаус веќе се венчале, далеку од очите на јавноста.

Интересно е што и самата Зендаја неодамна предизвика слични шпекулации, откако беше забележана со едноставен златен прстен на левата рака, покрај вереничкиот прстен вреден околу 500.000 долари, што ги засили претпоставките за нејзината врска со Том Холанд.

Да потсетиме, Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус првпат беа поврзани во 2018 година, а според медиумските извештаи, се свршиле во декември 2023. Во март 2024 година станаа родители на ќерка.

Дополнителен повод за шпекулации беше и изјавата на актерката Шерон Стоун, која во јануари 2025 на еден хуманитарен настан го нарече Патинсон „сопруг“ на Суки. Таа изјава тогаш не беше јавно коментирана од парот.

Извори блиски до нив наведуваат дека двајцата имаат сериозна намера да стапат во брак, што само ја продлабочува мистеријата околу нивниот однос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот