Тајли: Ѓоковиќ не сака да ризикува да не игра во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ беше скандалозно пречекан на аеродромот во Мелбурн/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Крег Тајли, директорот на Австралија опен, даде индиции дека Новак Ѓоковиќ би можел да се појави во Мелбурн. Тој во разговор за „СЕН радио“ вели дека сè уште се надева дека светскиот рекет број еден ќе учествува на првиот Грен слем следната година.

Тајли, кој пред неколку дена најави дека услов за настап на турнирот во Мелбурн парк ќе биде тенисерите да се вакцинирани против ковид-19, смета дека Србинот не сака да го пропушти големиот настан.

– Тој не го сподели својот медицински статус со никого. Тој верува дека тоа е длабоко приватна работа и дека луѓето треба да имаат избор. Новак освои девет титули на Австралија Опен и сигурен сум дека сака десетта. Има 20 слемови како Рафа Надал и Рожер Федерер. Мислам дека Новак нема да сака да го остави тој рекорд на некој друг. Едно е сигурно, доколку игра тука во јануари, тоа значи дека е вакциниран – рече Тајли.

Тајли напомена дека 85% од тенисерите биле вакцинирани и дека очекува таа бројка да биде помеѓу 95 и 100% во јануари.

„Имаме голема улога во тоа бидејќи вакцинацијата ја ставаме како услов за играње во Австралија – вели Тајли.

Што се однесува до турнирите пред „Австралија опен“, се почнува на првиот ден од јануари, во Сиднеј, каде ќе се игра АТП купот. Во Мелбурн ќе се организираат три турнири, два за тенисерки и еден за тенисери, во периодот од 3 до 9 јануари. Австралија опен ќе се одржува од 17 до 30 јануари 2022 година.

Тенисерите повеќе не му се плашат на Ѓоковиќ

Шмекерски потег на Зверев, бара од Австралија да направи исклучок за Ѓоковиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот