Тајландска пратеничка затворена поради критики за монархијата

Рукчанок „Ајс“ Сринорк / Фото EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Тајландска пратеничка е осудена на шест години затвор според строгите закони во земјата и може да го изгуби своето место во парламентот доколку ѝ биде одбиена кауцијата. Рукчанок „Ајс“ Сринорк е обвинета за објавување твитови во кои ја критикува монархијата. Таа се изјасни за невина.

Нејзината партија, која победи на овогодинешните избори, побара нови реформи во законодавството. Но, неизбраниот Сенат го искористи ова како главна причина за блокирање на обидот на партијата да формира влада, пренесува Би-Би-Си.

Спротивставувањето на законите беше едно од прашањата што предизвикаа масовни протести во 2020 година, кои траеја неколку месеци. Според тајландските адвокати за човекови права, подигнати се околу 260 обвиненија според законот од 2020 година. Околу 2.000 луѓе се кривично гонети според различни закони за нивната вмешаност во протестите.

Сринорк е прогласена за виновна за навреда на монархот од страна на судот во Бангкок за две објави направени пред да се приклучи на партијата, како и поради критикување на начинот на кој земјата се справувала со пандемијата.

Нејзината беше можеби најдраматичната од многуте шокантни победи на младите кандидати на партијата на општите избори во мај – таа го освои своето место во Банг Бон, изборна единица во близина на Бангкок, која со децении беше феуд на еден од најмоќните политички кланови во Тајланд. Еден тајландски медиум ѝ го дал прекарот „убиец на џинови“, затоа што ја презела фотелјата од политички тешкаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот