ТАГА ДО НЕБО: Поранешен холандски фудбалер почина од тешка болест

instagram.com/1xbet_esp_/

Поранешниот холандски фудбалер Фернандо Риксен почина денеска на 43 годишна возраст, соопшти Глазгов Ренџерс во кој настапуваше.

Риксен, кој во текот на кариерата ги бранеше уште боите на Фортуна, АЗ Алкмар и Зенит од Ст. Петербург од октомври 2013 година му беше дијагностицирана тешка невролошка болест.

Шест години ја водеше борбата со цел да им помогне и на другите со истиот проблем, дури и отвори фондација пред 41.000 навивачи на еден хуманитарен меч на стадионот „Ајброкс“ кога беа собрани 320.000 илјади фунти.

Се обидуваше да живее нормално, колку што е можнос, но состојбата му се влошуваше постепено. Неговите мозочни неврони умираа секојдневно, прикован на количка, а воедно 10 часа дневно носеше маска за кислород, бидејќи не можеше да дише.

Риксен најдлабока трага остави во дресот на Ренџерс во периодот од 2000 до 2006 година, освои по две титули шампион и во Купот на Шкотска, стигна и до капитенската лента, ап отоа потпиша за Зенит и две години подоцни во финалето од тогашниот Куп на УЕФА го совлада токму претходниот клуб.

Кариерата ја заврши во 2013 година во матичната Фортуна, додека за националната репрезентација на Холандија настапуваше 12 пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот