Тачи бара собраниска седница, сака да реферира за посетата на Вашингтон

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Тачи се врати од Вашингтон вчера, а еден ден претходно таму се сретна и разговараше и со неговиот српски колега Александар Вучиќ. На средбата присуствуваа и советникот за национална безбедност Роберт Ц. О’Брајан и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот Приштина – Белград, Ричард Гренел.

Претседателот на Косово Хашим Тачи ѝ се обрати на претседателката на Собранието Вјоса Османи, со писмо во кое бара да свика пленарна седница за денеска во 16 часот, со цел да им се обрати на пратениците, јави дописникот на МИА од Приштина.

Денешното писмо на Тачи уследи по вчерашното барање од страна на секретарот на неговиот кабинет до секретарот на Собранието на Косово, во кое се бара од Собранието да организира седница на која Тачи ќе ги информира пратениците за неговите средби за време на последната неколкудневна посета на Вашингтон.

Во барањето упатено до Османи, косовскиот претседател се повикува на одредбата од Уставот која му дава право да им се обрати на пратениците.

Од Собранието досега нема најава за свикување седница во текот на денешниот ден.

Тачи се врати од Вашингтон вчера, а еден ден претходно таму се сретна и разговараше и со неговиот српски колега Александар Вучиќ. На средбата присуствуваа и советникот за национална безбедност Роберт Ц. О’Брајан и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот Приштина – Белград,  Ричард Гренел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот