Таа „магична“ Википедија: Во Вардар Аниќ, Портнер, Горпишин…!

Фото: РК ВАРДАР

Дел од играчите на Вардар се подготвуваат за одмор, други со репрезентативни обврски…

Познато е тоа дека од клубот си заминаа Мораеш (во Веспрем), Карачиќ (Келце), Милосављев (Фуксе Берлин), а Кристопанс во 2020 год. се сели во ПСЖ.

Како што и истакна Стоилов на прославата на Плоштадот во Скопје екипата ќе ја напуштат уште Војводиќ, Кисељев и Калараш, иако за овој последниот се шпекулира дека би можел да остане.

Првиот човек Самсоненко најави дека ќе остане и дека желба му е и трета европска титула со „црвено-црните“.

Но, со новите заминувања ќе мора да се размислува околу ангажирање на нови ракометари кои што ќе го понесат товарот како бранители на трофејот во ЛШ.

Вообичаено како до сега „Википедија“ како содржина отворена за читање и менување знаела да го „крои“ составот на спортските екипи, во овој случај ракометниот клуб на Вардар.

SportoweFakty/Tomasz Fąfara

Двајца голмани се поврзуваат со Вардар, станува збор за Швајцарецот Никола Портнер од Монпелје и Филип Ивиќ (Келце), иако Хрватот беше „избришан“ во текот на денешниот ден.

Исто така се спомнуваат и двајца пивоти, Русинот Сергеј Горпишин (Ерланген, Германија) и Французинот Игор Аниќ (Целје). Не се сомневаме дека „магично“ на Википедија може да се менува можниот иден состав на Вардар и во блиска иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот