Таа е една од најопасните личности на интернет!

Фотографија: Profimedia

Според податоците од компанијата McAfee, која се занимава со безбедност на интернетот, Мејси Вилијамс е помеѓу имињата  чие пребарување може да ве доведе во ризик на својот компјутер или мобилен уред да „закачите“ вирус.

Мејси го зазема второто место, веднаш после водителката на британското дејтинг ријалити шоу „Love Island“, Каролин Флек, а едно место пред водителот на емисијата „Late Late Show“, Џејмс Корден.

Нешто помалку опасна е пејачката Ники Минаж, која го зазема четвртото место, додека на петтото се најде нејзината колешка, Били Ајлиш.

Фотографија: Instagram

Во првите 10 на листата се најде и актерот Џош Гад, кој го позајми гласот за Олаф во анимираниот филм „Заледено кралство“.

Позади него се најде актерката Миша Бартон, потоа музичарот Сем Смит и пејачката Дуа Липа. Листата ја затвора австралискиот актер Лијам Хемсворт, кој се најде на 10-то место, пишува NME.

„Луѓето сакаат да бидат во тек со најновите вести од светот на познатите и културата, во било кое време и со било кој уред. Затоа во прв план ја ставаат брзината за доаѓањето до информации, кликајќи на сомнителни линкови кои им ветуваат содржина за нивните омилени познати личности“, рекол Раџ Самани од McAfee.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот