СЗО: Вакцината не треба да биде услов за патување во странство

EPA EFE
epa08984066 A Palestinian nurse prepares a COVID-19 vaccine at the Military Medical Hospital near the West Bank city of Nablus, 03 February 2021. The Palestinian Authority administered its first known coronavirus vaccinations on 03 February after receiving thousands of doses from Israel. A Palestinian official confirms that a first dose was given to a small number of medical workers. EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Патувањето во странство не треба да подлежи на задолжителни барања за вакцинација против коронавирусот, изјави на денешниот редовен брифинг на Светската здравствена организација, портпаролот Тарик Јашаревиќ.

„СЗО јасно стави до знаење од самиот почеток дека не веруваме дека вакцината треба да биде услов за меѓународни патувања“ рече Јашаревиќ.

„Причината за ваквата позиција е фактот што досега во светот немаше еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 и не треба да се додава уште една дискриминаторска мерка за луѓето кои немаат таков пристап”, рече Јашаревиќ.

СЗО, истовремено, го поддржува воведувањето „сертификати за дигитална вакцинација и работи на технолошките решенија за интероперабилноста на сертификатите што денеска се користат”

Видео на денот