СЗО: Нападнати неколку украински здравствени центри; Лиашко: Непријателот веќе оштети 34 болници во Украина

Украина војна/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO
Светската здравствена организација потврди „неколку” напади врз здравствени центри во Украина и истражува други, изјави денеска првиот човек на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесен од британските медиуми.
Нападите, додаде тој на Твитер, предизвикаа повеќе смртни случаи и повредени.
„Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и се кршење на меѓународното хуманитарно право”, напиша тој.

Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко, пак, изјави дека „руските терористи веќе оштетија 34 болници во Украина, поради што некои од нив воопшто не се во можност да даваат услуги”, пренесе Укринформ.

„Денеска непријателот онеспособи 34 болници низ целата земја. На некои од нив им се уништени зградите, прекинати мрежите, останати се без услуги за снабдување со вода и електрична енергија. На некои целосно им е оневозможено да работат. Тоа е уште едно прекршување на Женевската конвенција, која прецизира дека здравствените работници не можат да бидат вклучени во војна и воени конфликти. Окупаторите го занемаруваат тоа, намерно ги прекршуваат сите одредби од Женевската конвенција и уште еднаш докажуваат дека не се војска, туку терористи”, изјави Лиашко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот