СВР Тетово: Загина жител на село Гајре при изведување на градежни работи

СВР тетово/ фото: МИА

Шеесет и четири годишен жител на тетовското село Гајре го загуби животот при изведување на градежни работи, соопштуваат од СВР Тетово. Според првичните сознанија, тој работел на ѕид од камења што се урнал врз него.

– Во 10:20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во тетовско Гајре, за време на изведување на градежни работи, се повредил Љ.И. (64), кој набрзо потоа и починал. Лекари од тетовската Итна медицинска помош констатирале смрт, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот