Светскиот туризам ќе загуби над 22 милијарди долари поради епидемијата на новиот коронавирус

Епидемијата на новиот коронавирус ќе го чини светскиот туризам најмалку 22 милијарди долари како резултат на падот на трошењето на кинеските туристи, објави Гардијан, пренесувајќи изводи од анализа на Светскиот совет за патувања и туризам.

„Премногу е рано за точни податоци, но ССПТ направи прелиминарни пресметки во соработка со истражувачката фирма „Оксфорд економикс” и тие покажуваат дека секторот ќе чини најмалку 22 милијарди американски долари оваа криза”, рече Глорија Гевара од Светскиот совет за патувања и туризам.

„Пресметките се засноваат на претходни искуства, како што се кризи со САРС или Х1Н1, како и загуби што произлегуваат од отсуството на кинеските туристи во последните неколку недели. Кинезите се туристи кои трошат најмногу додека патуваат”.

Наведената бројка за загуба е најпозитивното сценарио предвидено со студијата објавена од Оксфорд економикс, која се пресметува врз основа на хипотезата за пад од седум проценти на бројот на кинески туристи што патуваат.

Но, тие загуби би можеле да бидат повеќе од двојни, според „Гардијан”  – бројката може да достигне дури 49 милијарди американски долари доколку кризата продолжи како епидемијата САРС, што се појави во ноември 2002 година и беше ставена под контрола во јули 2003 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот