Светскиот шампион Ѓорѓиев: Ова е најомразениот златен медал што сум го освоил досега!

Димитар Ѓорѓиев е светски шампион во кикбокс/Фото: facebook.com/dimitargjorgjievkbkpunev

Пред три дена најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев по четврти пат се искачи на светскиот врв.

Тој на Светското првенство во Италија го освои златниот медал, а претходно беше најдобар на светот уште во 2011, 2013 и 2015 година.

Нашата спортска јавност секако го слави овој голем успех на Ѓорѓиев кој вечерва сподели објава на социјалните мрежи во која вели дека овој златен медал е најомразениот што го освоил досега.

– Драги пријатели, другари и сите останати љубители на спортот. Пред се од срце ви благодарам за целата поддршка и позитивна енергија што ја добив во изминатите неколку дена. За жал морам да ви соопштам дека за мене ова е нај омразениот златен медал што сум го освоил до сега.

Исто така сакам да ве известам дека не планирам да присуствувам на ниеден прием ни во Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport ниту на организираниот или планот за организиран пречек во Општина Неготино, сите мои гостувања и планирани интервјуа ќе бидат откажани, а досегашните ке ве замолам да не ги објавувате. Овој медал го освоив бидејки сакам спорт и си ја сакам татковината. Поделбата која што е неизбежна во Македонија јас не ја сакам и не сакам да бидам дел од неа! – напиша Ѓорѓиев на Фејсбук.

Фото: Принтскрин/facebook.com/dimitargjorgjievkbkpunev

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот