Фото: Промо

Светски познатиот музички бренд Cafe De Anatolia ексклузивно за првпат во Скопје

Глобално влијателниот музички лејбл Cafe De Anatolia, препознаен како еден од пионерите и основачите на светскиот тренд Organic House, ексклузивно за првпат доаѓа во Скопје, по серија настапи на светски дестинации како Дубаи, Санторини, Букурешт, Истанбул и Малта во претходните месеци. Со својот уникатен звук кој ја спојува традицијата со современата електронска продукција, брендот создава автентично музичко искуство што допира до милионската публика ширум светот.

Со потпишувањето на историски договор со Sony Music Publishing, Cafe De Anatolia дополнително ја зацврсти својата позиција како еден од највлијателните независни музички лејбли од Македонија и во Источна Европа, што го постигнал ова со над 5000 артисти и најголемиот музички каталог со над 10.000 траки во жанрот Organic House. Денес, брендот брои над 30 милиони следбеници и повеќе од 2 милијарди прегледи на глобално ниво.

Фото: Промо

На 8 мај, во Public Room во Скопје, ќе се одржи ексклузивен настан кој ќе понуди аудиовизуелно доживување – спој на музика, перформанс и премиум презентација на новите Cafe De Anatolia вина кои се лимитирани. Овој настан доаѓа по успешниот showcase во Букурешт, каде што брендот ги обедини своите артисти и привлече илјадници посетители од меѓународната сцена, потврдувајќи дека нивната музика одамна ги надминала регионалните рамки.

Cafe De Anatolia денес не е само музички лејбл, туку глобално движење и креативна платформа што ги поврзува културите на светот преку звук.

Фото: Промо

Основан од семејството Илиеви – Зоран Илиев, Моника Илиева и Никола Илиев, брендот бележи континуиран раст и признание. Номиниран од Beatport, рамо до рамо со светски имиња како HUGEL за „Label of the Year 2025; and Artist of the Year 2025“, а исто така соработува со глобални брендови како Giorgio Armani, Four Seasons и Radisson Blu, поставувајќи нови стандарди на пресекот меѓу музиката, културата и lifestyle индустријата. Со сигурност може да се каже дека Cafe De Anatolia е највлијателниот лејбл во organic house жанрот.

Со поддршка од реномирани медиуми како Forbes и Entrepreneur, Cafe De Anatolia е препознаен како пионер во Organic House жанрот и еден од највлијателните музички брендови во Источна Европа. Исто така, беше првиот македонски бренд кој беше прикажан на Times Square во Њујорк во 2023 година.

Фото: Промо

Настанот во Скопје претставува историски момент – ексклузивно прво појавување на брендот на домашен терен и значаен чекор за локалната музичка сцена.

🎟️ Билети и повеќе информации:

https://mktickets.mk/en/event-en/cafe-de-anatolia-show/


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот