Светски, а наш: Џамбо Агушев доби награда во Германија за најдобар албум! (ФОТО)
Познатиот Џамбо Агушев продолжува ги ниже успесите, а со тоа и престижните награди. Агушев на својот фејсбук-профил ја обелодени радосната вест за престижната награда добиена во Германија.
Поточно, станува збор за награда за неговиот албум кој е прогласен за најдобар албум според престижната „German Record Critics“ за 2020 година.
View this post on Instagram
Thank you all for your massive support and for your motivating feedback! LINK IN BIO
– Јас сум многу среќен,и сакам да ја споделам оваа прекрасна вест со сите вас, секако дека е награда за мојата Македонија, која и ја презентираме низ целиот свет.Мојот албум е повторно награден со престижната награда на „German Record Critics“ како најдобар албум на светот. 2020. Ви благодарам на сите за вашата неверојатна поддршка, што верувате во мене и мојот оркестар! – напиша Агушев на својот фејсбук-профил.