Светот зборува за скриената порака во ланчето на Меган Маркл! (ФОТО)

Само неколку дена откако пристигна во Велика Британија, прв пат откако со нејзиниот сопруг принцот Хари објавија дека го напуштаат кралското семејство, Меган Маркл успеа да стекне уште еден непријател. Откако си замерија со Кејт Мидлтон и кралицата Елизабета Втора, таа успеа да го налути својот свекор, принцот Чарлс.

Всушност, војвотката од Сасекс го сврте вниманието на јавноста кон себе на денот кој беше многу важен за Камила Паркер, и тоа кога објави фотографии од посетата на Националниот театар, која се случи малку порано. Меган објави неколку фотографии кои настанаа додека таа уживаше истражувајќи го театарот, а сите беа воодушевени од белата модна комбинација која за таа прилика ја носеше. Меѓутоа, сега во прв план исплива интересен детаљ од овој стил – нејзиното ланче.

Дизајнерката на ова парче накит Софи Лис, на Инстаграм објави фотографија од војвотката Меган и ланчето кое во крупен план покажува дека на неа има изгравирано на француски „Qu’hier“ и „Que Demain“. Како што тврди Лис, „грубиот“ превод би значел:

„Секој ден те сакам сè повеќе од претходниот, а помалку од утре“.

Станува збор за стихови од песната на француската поетеса Роземонд Жерар.

Како што пишуваат странските медиуми, не е познато дали е во прашање подарок кој Меган го добила од својот сопруг принцот Хари или ова е ланче кое војвотката сама си го купила, но во секој случај таа ги разнежни обожавателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот