Светот го доби првиот милијардер во бизнисот со марихуана

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната / Илустративна фотографија

Претседателот на Управниот одбор на „Curaleaf“, Борис Џордан, сега поседува 1,1 милијарди долари, според податоците на „Forbes Russia“.

Ова го направи првиот милијардер во светот, чие богатство е генерирано од марихуана, која веќе е легална во многу земји низ светот.

Џордан има 31% од „Curaleaf“. Исто така, има акции во повеќе европски и руски компании преку својата компанија „ Sputnik Group“, основана во 1998 година со цел деловите се вклучени во ветувачки бизниси.

Милијардерот, исто така, ја основаше и „Measure 8 Ventures“, преку која компанијата инвестира во други бизниси во индустријата за марихуана.

Производите на „Curaleaf“ можат да се купат во 12 држави во САД и на вкупно 48 локации, според нивната интернет страница.

Компанијата има за цел да расте побрзо, бидејќи вечер купи двајца свои конкуренти – „Crua“ и „Grassroots“.

Минатата година Џордан изјави за финансиското издание на „Benzinga“, дека според него „Curaleaf“ е „Starbucksе“, но во бизнисот со марихуана.

Џордан е американски државјанин со руско потекло. Денес, неговата компанија „Curaleaf“ е на шестото место меѓу најскапите светски бизниси со марихуана, вредна 2,68 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот