Свети Николе конечно ќе добие Градски базен

Буџетот на Општина Свети Николе за 2021 година изнесува 414,7 милиони денари, од кои близу 170 милиони е основниот буџет. Повеќе капитални проекти се планирани за тековната 2021 година од Буџетот, образложи градоначалникот Сашо Велковски. Во селото Ерџелија ќе се гради нова детска градинка, а средствата во износ од 28 милиони денари се обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика.

-Имаме предвидено и изградба на Куќа на спортот, со соблекувални за фудбалерите и санација на трибините, како и заградување на Градскиот стадион и поставување столчиња за трибините, вели Велковски.

Тој најавува дека Општина Свети Николе конечно ќе добие Градски базен, инвестиција од 12.400.000 денари, потоа изградба на фекални и атмосферски канализации, санација на речното корито на Светиниколска река, асфалтирање и локален пат од село Кнежје до село Ѓуземелци во Општина Лозово.

Меѓу капиталните проекти за оваа година е изградбата на нова Противпожарна станица со донација од Амбасадата на САД во износ од 450.000 долари. Пожарникарите ќе добијат и ново противпожарно возило преку Фондацијата „Флориан” од Велика Британија. 

Во образовaнието е предвидено набaвка на таблети за децата на семејства од социјален ризик, а планирано е преку проекти, реконструкција на училиштата. За тековната година планирано е задолжување од 45 милиони денари кај Светска банка за изградба на неколку улици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот