Фото: МИА

Свечља: Србија да ни ги предаде ранетите кои се лечат во болницата во Нови Пазар

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека има информации оти шестмина ранети членови на групата која вчера изврши напад врз косовската полиција на северот од земјата се лекуваат во болница во градот Нови Пазар во Србија.

На денешната прес-конференција по повод вчерашниот инцидент во селото Бањска, кај Звечане, во кој беше убиен еден косовски полицаец и најмалку тројца од групата напаѓачи, која официјална Приштина ја квалификува како терористичка, Свечља побара од Србија да ги предаде ранетите, како и сите други припадници на групата од над 30 лица кои по акцијата на косовската полиција пребегнале во соседната држава.

„Според досегашните информации, шест ранети терористи се лекуваат во болницата во Нови Пазар и бараме од Србија истите веднаш да ги предаде на властите во Косово, со цел да одговораат пред правдата за терористичките дела. Исто така бараме од Србија да ни го предаде секој припадник на групата кој успеал да побегне во Србија“, рече Свечља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот