Супервизија: Министерството за транспорт и врски досега префрлило 189 милиони евра за автоапатите што ги гради „Бехтел и Енка“

Повеќе од половина земјиште веќе е експроприрано, 17 отсто од планираните геотехничките истражувања се завршени

Јавното претпријатие за државни патишта прави месечни документи за тоа како напредува изградбата на автопатите на Коридор 8 и Коридор 10д, што ги прави турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Според извештајот, до крајот на октомври договорните страни главно работеле на експропријација и на геотехнички истражувања.

Извештајот покажува дека експропријацијата е завршена дури со 52 проценти, а дека геотехничките истражувања завршиле со 17 проценти и престануваат високи 83 проценти. Ова не е за изненадување ако се земе предвид дека овој проект е најавен како поинаков од сите досегашни, односно дека геотехничките испитувања ќе се вршат во од.

Извор: Јавно претпријатие за државни патишта

Извештајот ги дава и префрлените пари во изминатиов период. Финансиските трансакции меѓу Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта почнале од 26 април, а заклучно со 9 ноември изнесува 189 милиони евра.

Во извештајот е наведено дека ќе се градат вкупно 109 километри автопат за кој ќе се потроши 1,1 милиони тони асфалт, 1,2 милиони м3 тампон, 620.000 м3, 10 милиони кубици за пополнување, ќе се ископаат 21 милион кубни метри земја, ќе се изградат мостови со вкупна должина од 4,5 километри, како и 24 подвозници и 34 надвозници.
Вкупната проценета вредност за овој голем проект е најавена 1,3 милијарди евра.

Карта: Јавно претпријатие за државни патишта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот