„Суперкомпјутерот“ прогнозира: Арсенал сезонава ќе ја освои Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Завршена е групната фаза во фудбалската Лига на шампионите, ги дознавме сите учесници во нокаут-фазата, а во понеделник со жрепка од 12.00 часот во Нион ќе ги дознаеме осминафиналните двојки.

Англиските медиуми често ги користат услугите на т.н. „суперкомпјутер“ кој го предвидува исходот, односно победникот на одреденото натпреварување.

„Суперкомпјутерот“ има интересна прогноза и вели дека оваа сезона титулата во ЛШ ќе ја освои Арсенал.

По собраните податоци од групната фаза, „суперкомпјутерот“ му даде најголеми шанси на Арсенал да го освои трофејот, односно 22%.

Веднаш зад Арсенал е актуелниот европски шампион Манчестер сити со 20% шанси, следуваат Баерн (15%) и Реал Мадрид (12%).

Да потсетиме, Арсенал никогаш не го освоил трофејот во Лигата на шампионите Најблиску беше во 2006 година кога во финалето беше поразен од Барселона во Париз со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот