Супер лига: Ракометарите на Охрид обезбедија место во плеј-офот

Момент од натпреварот ГРК Охрид - РК Скопје/фото: facebook.com/hcohrid/

Ракометарите на Охрид со победа ги завршија натпреварите од групата „А“ во македонската Супер лига.

Во последното коло од регуларниот дел, вечерва во салата „Билјанини извори“ ГРК Охрид ја совлада екипата на Скопје со 34:24 (16:12).

Охриѓани по овој триумф и формално го потврдија пласманот во плеј-офот во шампионатот.

Најефикасни во победничките редови со по шест голови беа Шипинкоски и Орјоникидѕе.

На спротивната страна седумпати во листата на стрелците се запиша Чакалиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот