Сугарески: Реализацијата на капиталните инвестиции е одлична

Изградбата на гасификационата мрежа е во полн ек, кракот до Битола е 90 отсто завршен, вели министерот.

Вториот квартал од годинава е заокружен со силна динамика на градежните активности и реализација на капиталните инвестиции, соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски денеска беше на увид на работите на регионалниот пат Прилеп-Мариово..

Според министерот особено е важно што за еден месец ќе бидат распишани тендерите за патот до Прилеп и за експресниот пат на оваа делница.

– Следниот месец ќе бидат распишани тендерите, и тоа за трите ленти за делницата од Фариш до Прилеп во должина од 19 километри, како и тендерот за експресниот пат од Фариш до Дреново. За нас во Министерството ова е многу важно. Има позитивен резултат од Европската банка, така што, продолжува силната динамика на инвестициите, изјави Сугарески.

Сугаревски додава и дека преку Министерството се работи на 30 водоводи и канализации, на шест локации за социјални станови, а на есен ќе биде распишан тендер и за социјална зграда во Прилеп.

Што се однесува до гасификацијата, кракот до Битола е 90 проценти завршен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот