Судскиот совет парично казни двајца судии и запре две постапки против врховни судии

Судскиот совет на денешната седница одлучи парично да се казнат еден претседател на основен суд и еден судија во основен суд. Претседателот на судот не презел обврски предвидени со Законот за управување со движење на предметите во судовите и Судскиот деловник. Судскиот освет оцени дека претседателот на судот сторил повреда со нестручно и несовесно постапување во вршење на судиската функција според Законот за судови и одлучи да биде казнет со 30 отсто од платата во трање од шест месеци.

„Во врска со судијата од основен суд се утврди дека не постапувал по предмети во одделот за извршување санкции, а со тоа постапил спротивно на законските одредби, односно нестручно и несовесно ја извршувал судиската функција според Законот за судовите и е парично казнет со 15 отсто од платата во траење од шест месеци. Воедно, на денешната седница Судскиот совет одлучи да запрат две постапки за утврдување одговорност кај два совета на Врховниот суд составени од по петмина судии. Советот одлучи дека не постои нестручно и несовесно постапување од страна на врховните судии. Исто така, постапката беше запрена и за еден судија од основен суд“, велат од Судскиот совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот