Судскиот совет ја поддржа Мирјана Лазарова Трајковска за судија во Меѓународниот кривичен суд

Мирјана Лазарова Трајковска, врховен судија / Утрински брифинг
Мирјана Лазарова Трајковска, врховен судија / Утрински брифинг

Судскиот совет даде поддршка на номинацијата на Мирјана Лазарова Трајковска за судија во Меѓународниот кривичен суд.

Барањето, како што информира Судскиот совет, било разгледано денеска на итна седница.

– Разгледано е Барањето за номинација на кандидат за судија во Меѓународен кривичен суд и дадена е поддршка на номинацијата за Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија, се вели во информацијата објавен на веб страницата на Судски совет.

На денешната итна 434-та седница, било расправано по доставени дописи од Врховниот суд на Република Северна Македонија и одлучено е да не се доставуваат списи по предметите до Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Да бидеш судија денес е меѓу најтешките професии, вели Мирјана Лазарова-Трајковска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот