Судски совет постапува по случајот „Палермо” за судијата Лазар Нанев

Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо” и присуството на судијата Лазар Нанев на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Италија и Северна Македонија, информираат од Судскиот совет.

– Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, Советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста, соопштија од Судски совет.

Од таму додаваат дека во врска со евентуално прекршување на етичките норми во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаат предвид.

Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај, навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности, се додава во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот