Судска медицина извршила 13 обдукции на починати од ковид-19

На Судска медицина не се вршеа обдукции на сите починати од ковид 19 поради ризик да не се прошири инфекцијата, а не поради тоа што нешто се крие, тврди за ,,Слободен печат” директорот на оваа институција, доктор Александар Станков.

Освен тоа, условите за изведување на ваква процедура кај заразен со коронавирусот се строго пропишани, а кај нас морало да се адаптираат, зашто постои голем ризик да се пренесе инфекцијата на вештаците што ја прават аутопсијата.

Така, од почетокот на пандемијата, до денеска во Македонија биле изведени само 13 обдукции на лица кои имале ковид 19 и тоа, не поради тоа што лицата биле заразени со вирусот, туку поради тоа што постоела индикација за судско-медицинска обдукција. Кај шестмина од нив, причина за смртта бил директно самиот вирус.

-Обдукциите не се вршеа зашто ризикот за проширување на инфекција на персоналот кој работи на таа обдукција е голем. Замислете да го затворите Институтот за патологија или судска медицина. Тоа се единствените институции каде се вршат над 90 проценти од обдукциите. Тогаш ќе ги изгубевме експертите на одреден временски период, а тие експерти не се тука само за ковид 19, туку и за многу други, исто така важни за населението експертизи. Информациите какви оштетувања прави вирусот се досега познати и се добиени преку едногодишното искуство на македонското здравство од клиничките случаи и нашите обдукции. Сето ова искуство, заедно со информациите кои ги добиваме од светот, се доволни да имаме сознанија како да се бориме со вирусот, вели Станков.

Според последните статистики од Институтот за јавно здравје, во земјава досега има 2.647 смртни случаи од ковид 19, а се излекувале над 68 илјади граѓани.

Целиот текст прочитајте го во утрешното печатено издание на ,,Слободен печат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот