Фото: Pixabay

Судот во Минхен пресече: Зелено светло за „дување“ во парковите

Управниот суд во Баварија дозволи повторна консумација на канабис во паркот „Англиска градина“ во Минхен, како и во другите паркови, по жалба поднесена од двајца корисници на оваа супстанца, пренесуваат денеска германските медиуми.

Според оценката на судот, забраната во овој минхенски парк е незаконита, објави „Шпигел“.

Во усната постапка, надлежниот судечки совет веќе посочил дека толку далекусежна регулатива бара доказ за опасност или значително вознемирување на други лица што би го предизвикало консумирањето марихуана.

Како што наведе судот, тужбата и пресудата се последица и на исклучително рестриктивниот курс што баварската државна влада го спроведува во врска со делумната легализација на канабисот.

Тужбата што двајцата мажи ја поднеле до Управниот суд во Баварија била т.н. тужба за судска ревизија, со која се оспорува забраната за пушење марихуана во целата Англиска градина во Баварија и во соседните паркови – Хофгартен и Финанцгартен.

Јужниот дел на Англиската градина, од Хофгартен до Митлерер ринг, е многу посетен и содржи туристички атракции како што е Моноптер.

Како што навеле подносителите на тужбата, понатаму кон север паркот станува многу простраен и изолиран, со малку туристи кои го посетуваат тој дел.

Тие поставиле прашање зошто не би требало да се дозволи пушење марихуана ако тоа никого не вознемирува.

Баварија сега може да поднесе жалба на пресудата до Сојузниот управен суд, а во спротивно, пресудата ќе стане правно обврзувачка, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот